Зоран Заев кој што ветуваше „вистина“ за Монструм, и кој што велеше дека не се виновни обвинетите, дека има докази и снимки кои што „нема да ги пушти за да нема етнички базирани насилства“ сега нека излезе пред роднините излажаните и мотивираните поддржувачи на протестот, да им ги објасни „околностите и сознанијата“, јавно го повика премиерот Зоран Заев портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.
Ама да не се лажеме, секогаш, ама СЕКОГАШ кога се фатени за корупција и за криминал, како сега со извештајот на #TransparencyInternational, со „спуштени гаќи“ и рацете во медот, играат на национал-етнички поврзани протести и напрегнатости во општеството, обвини Столковски.
Тој го повикува премиерот да излезе пред луѓето кои јавно ги лажеше под превезот на човековите права.
Ајде Zoran Zaev биди маж денеска, не се сокривај за Фатиме или Јовески „Сошиената уста“! Излези пред луѓето што ги лажеше јавно! Нема веќе простор за криење! И срамно е да организирате „контрапротести“ за дефокус од некакви квази-групи за мајмунлаци кои што до вчера ги браневте под превезот на човековите права. Лажете и манипулирате без нималку чувства, напиша Столковски на Фејсбук.
За денеска е закажан протест на роднините на обвинетите во „Монструм“. МВР најави посебен сообраќаен режим од Чаир до Основното јавно обвинителство во траење од три часа.
Зоран Заев кој што ветуваше „вистина“ за Монструм, и кој што велеше дека не се виновни обвинетите, дека има докази и…
Posted by Naum Stoilkovski on Friday, 29 January 2021
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.