Ајде Влада вие на сите патници кои уплатија летување во септември со нивните ваучери од 2019-та година, да им објасните на тие луѓе дека ќе треба да платат уште 45 евра во Грција за да се вратат дома со ПЦР тест, повика преку „Фејсбук“ Силвана Јовановска од туристичката агенција „ГО травел“ по денешната владина седница.

Ајде и нас докрајчете нè и затворете нè комплетно и да завршиме веќе. Секаде се прима и брз тест и селф-тест, само ние не се прилагодуваме на олеснетите услови.
Ајде сега да ве видам како ќе ни помогнете и од ова да излеземе!
А патем и каде е помошта која ни ја одобривте уште во мај месец???
Дозволивте дивеење, си беше под контрола, ќе се прогласеше крај на пандемијата, не реагиравте на време, сега е касно веќе! Ама ајде удри на граѓаните!!!
ГО УНИШТИВТЕ ОБИЧНИОТ ГРАЃАНИН!!! СЕ ГЛЕДАМЕ НА УЛИЦА!!!!, порача Јовановска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.