ВМРО-ДПМНЕ бара предвремени избори, по пропаѓањето на обидот да се урне владата. Вечерва во „Клик Плус“ на ТВ21 соговорник е потпретседателот на опозицијата Александар Николоски кој уште еднаш побара предвремени парламентарни избори.
„Ако навистина мислат дека ВМРО-ДПМНЕ нема капацитет да состави Влада, ајде да се провериме на избори и да видиме кој ја има поддршката во јавноста“, рече Николоски.
Николоски не се согласува со констатацијата дека албанските партии кои влегоа во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ многу загубиле од тоа.
Не се согласувам. Опозициските партии од албанскиот блок ги освоија двата града во кои живеат најголем број албански граѓани, а тоа се Гостивар и Тетово. Тоа покажува дека има едно опозициско расположение. Практично СДСМ не води ниту еден голем град.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.