Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети за „Еуронјус Албанија“ зборуваше околу можностите за обединување на албанскиот фактор во Македонија по изборите на 15 јули и за можната коалиција со СДСМ.

Запрашан за навредите на Зоран Заев кон Албанците , објавени во разговори кои протекоа во јавноста, Ахмети рече дека не се чувствува добро во врска со навредите и дека очекува од Заев да побара извинување.

Секако, не се почуствував добро со тие навреди… но мислам дека Заев ќе најде сила да побара извинување од Албанците. Тој направи еден чекор, но не вистинскиот, тој таа навреда ја оправда со тоа што кажа дека наводно мислел на ДУИ, но таа навреда не се однесуваше кон ДУИ, туку директно кон Албанците и мислам дека Заев треба да им се извини на Албанците- рече Ахмети.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.