Лидерот на ДУИ, Али Ахмети денеска на граѓаните им ја честиташе ратификацијата на протоколот за членство во НАТО од страна на шпанскиот Парламент, порачувајќи дека сега, на ред е Европската унија.
– На крај, НАТО бидна! Честитки драги граѓани. Овој наш долг ангажман исполнет со непрекинати напори денеска се заокружи со Шпанија, преку последната ратификацијата на
протоколот за членство. Во ниту еден миг не се издвоивме од нашата цел и ниту еднаш не се
поколебавме од оваа наша заедничка определба, истакнува Ахмети во изјавата што ја пренесува ДУИ.
И тогаш кога сите се сомневаа, и тогаш кога сите кренаа раце од овој пат, како што посочува Ахмети, ние со инсистирање продолживме на евроатлантската насока на оваа
земја, и успеавме.
– Ви благодарам многу за целата подршка низ сите години, можеби беше спор
процес, но со храброст и неколеблива определба успеавме за посигурна
иднина.Сега, на ред е Европската Унија! Датум сега, се наведува во изјавата од Ахмети.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.