Според Aли Ахмети, Зоран Заев треба да се извини за да се олесни комуникацијата меѓу двете партии за евентуално составување на Влада.
– Јас би му простил и би побарал од членовите на ДУИ да простат ( на Заев) ако навредата е за ДУИ, но не е за ДУИ, туку за Албанците како нација. Мислам дека неговите соработници знаат како да го научат дека треба да се извини за да се олесни понатамошната комуникација, ние немаме никаква врска со СДСМ, во неколку наврати изјавив дека би било во наша корист партнерот да победи затоа што направивме многу одлична работа и сѐ уште имаме работа да направиме, а не да ги оставиме работите на половина пат, рече Ахмети одговарајќи на парашањето дали ќе прифати коалиција со СДСМ и покрај навредите
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.