Али Ахмети верува во решавање на македонско-бугарскиот спор и очекува дека Бугарија ќе ги надмине чувствителните теми.
Колку повеќе чекаме, толку повеќе емоции се влеваат во историските прашања, смета претседателот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети.
Тој во изјава за Канал 5 вели дека верува во решавање на македонско-бугарскиот спор и очекува дека Бугарија ќе ги надмине чувствителните теми.
Ги поддржуваме нашите сограѓани Македонци во овој многу значаен процес и сметам дека и бугарската страна ќе има предвид во овие значајни процеси. Верувавме дека Бугарија ќе најде сила да ги надмине овие емотивни ситуации, затоа што ако Балканот се внесе во историјата, ќе треба навистина да изградиме нов Балкан. Од голем интерес е ние да не го изгубиме чекорот зачленување во Европската унија, рече Ахмети.
Ахмети вели дека Демократската унија за интеграција секогаш имала конструктивен став.
Јас ги бранам и ДУИ ги брани државните интереси, но нашите силни определби да инсталираме мир, стабилност безбедност и иднина на нашата земја, при што сме посветени на решавање на тешките теми кои што бараат навистина храброст и државност и едниствената алтернатива е земјата да ги реши претходните спорови кои што се пречка за понатамошно унапредување на интегративните процеси, како што имавме храброст да го репиме 20 годишниот спор со грчкката страна, истата храброст за поголеми државни интереси, треба да работиме посветено. Јас сум многу сигурен дека домашните авторитети, во овој случај премиерот на земјата господинот Заев, го ставил над своите лични интереси интересот на државата, на иднината на државата, на граѓаните, на мирот, на стабилноста и верувам дека ова толку сензитивно прашање ќе се заврши, ќе се затвори, вели Ахмети.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.