Претседателот на Демократската Унија за Интеграција, Али Ахмети, им честиташе на православните верници по повод големиот празник Велигден.

Почитувани православни верници, Ве молам примете ги моите најискрени честитки за големиот празник Велигден, со желба и молба за празнување во семејството во благосостојба, здравје, радост и среќа. Во духот на овој благословен ден на воскреснувањето на животот и надежта, да рефлектираме, бидејќи безразлика на нашите определби, ние сме обединети во највисоките човечки вредности на хуманизмот, жртвувањето, љубовта и солидарноста.

Ви посакувам здравје Вам и на сите граѓани, душевен мир и спокој во овие празнички денови и се молам за сите кои што се жртвуваат за да ни помогнат и да не заштитат”, пишува Ахмети во честитката.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.