Централниот изборен штаб на Демократската Унија за Интеграција, синоќа престојуваше во Општина Желино, каде говори одржаа кандидатот за премиер Насер Зибери, кандидатот за пратеник Бедри Фазлиу како и претседателот на ДУИ, Али Ахмети.

-Јавно изјавивме дека на Албанците им следуваат 12 важни институции од посебно значење во ова држава и тоа почнувајќи од претседателот на државата до Дирекцијата за безбедност. Немавме министер за одрбана и потоа тоа го добивме како министерство и гордо раководевме, немавме министер за внатрешни работи, тоа се случи и раководеше во најтешките, најделикатни времиња за земјата, успешно менаџирашесо целата ситуација. Немавме претседател на Собранието, тоа го направивме и посебно се гордеам за сите странски делегации кои ги пречекувам и за добрите зборови кои ги слушам за тоа како г-динот Талат Џафери раководеше. Не случајно на едно место реков дека се гордеам затоа што ова земја има двајца нобеловци Албанци, се гордеат Албанци и Македонци затоа што ги имаме Ферит Мурат и Мајка Тереза. Незавидно дека денес се исплашени и во паника, но јас Ви гарантирам дека ќе имаат еден премиер Албанец и ова ќе стане реалност, истакна Ахмети.

Претседателот на ДУИ рече дека ако не поднесуваа барања за секое прашање ништо немаше да се движи напред.

-Ги познавам двете страни, им велам да ги тргнат предрасудите затоа што само така можете да одите напред и тоа само со искрена комуникација и соработка. Ние не го оспоруваме вашиот идентитет, вашиот јазик, ниту нашата заедничка држава, отстранете ги комплексите затоа што ние нема да го земаме вашето, но нашето не го даваме. Со националните симболи, со јазик, со Универзитети. Да знаат албанските бизнисмени дека јас сум се борел за сите нив и нека се потсетат дека другиот дел нема да им даде награда бидејќи се скаравме за да не им се одземе делот и тоа што им припаѓа според нивниот труд, рече Ахмети.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.