Лидерот на ДУИ, Али Ахмети денеска гласаше на избирачкото место 0816 во Зајас. Во изјавата за медиумите по гласањето тој рече дека посакува слободни избори, според потребните стандарди кои ќе служат за уште еден чекор за придвижување кон Европската унија и за заокружување на НАТО интеграциите.
Важно е сите да ги признаваат изборните резултати, бидејќи во изборен процес има победници и победени. Многу е важно процесот да се одвива во фед и демократска атмосфера и на крај да се прифатат резултатите на овие избори од сите учесници, рече Ахмети.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.