Лидерите на СДСМ и ДУИ, Зоран Заев и Али Ахмети денеска ќе имаат нова средба откако Заев го доби на мандатот за состав на нова Влада.
Ахмети порача дека ДУИ ќе работи во интерес на државата, додавајќи дека се уште немаат договор со СДСМ.
„Сите знаете дека ДУИ е фактор на стабилност во државата. Ние никогаш не делуваме со притисок, туку ќе изнајдеме правилен пат да послужиме на државата. Да ги надминеме сите потешкотии со кои се соочуваме. ДУИ делува и работи со ладна глава и огнено срце. Се што ќе преземеме во иднина ќе биде за придобивка за од најмало, до најстаро. Средбите се одржани и јас не знам што разговарале тие. Убеден сум дека дека ДУИ не е сила која може да биде отстранета со една средба. Изборната кампања да ја оставиме зад нас. Уште нема договор меѓу нас и СДСМ“, истакна Ахмети.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.