ДУИ ги отфрли гласините за поделби во партијата, нарекувајќи ги заговор во јавноста. Али Ахмети, лидерот на Демократската унија за интеграција синоќа изјави дека на вчерашниот состанок на централното партиско раководство сѐ било разјаснето и сите разлики биле надминати.

На вчерашниот состанок било разговарано за последните случувања во извршната власт и внатре во партијата.

Ахмети по состанокот изјави дека состаноците на оваа ниво во последните месеци не се одржувале како резултат на пандемијата ковид-19 и затоа имало потреба од дебата и дискусија.

Сите дилеми се расчистени и не се остави простор за друго алиби. Не се работи за одлуки, тоа е потреба на време бидејќи епидемијата предизвикана од ковид-19 го направи своето. Целта на овој состанок беше јавноста да види директно дека ДУИ е и ќе биде сплотена и уште подобро организирана. Дискутирани се сите прашања, јавноста е заинтересирана затоа што имаше различни информации во отсуство на овие состаноци поради пандемијата, но јас ги уверувам сите дека сѐ е разјаснето на оваа средба. ДУИ е добро организирана, затоа што сите сме единствени и унифицирани. Сите разлики меѓу нас се надминати.

ДУИ е на пат да преземе нови одговорности. Не се зборуваше за оставки, туку само за напредок“, рече Ахмети по состанокот на централното раководство на ДУИ.

 

Тој го коментираше и протестот за случајот „Монструм“, за кој рече дека „овие луѓе се користат за политички цели“ и дека од ДУИ секогаш охрабрувале, барале меѓународна истрага за овие случаи и дека ќе продолжат да го прават истото.

Најдоброто нешто е да не ги злоупотребуваме овие луѓе, да не ги злоупотребуваме луѓето кои се во тешка состојба. Отсекогаш сме биле во контакт со луѓе кои имале проблеми и се обидувавме да им овозможиме контакт со сите меѓународни институции. За сите овие прашања побаравме меѓународна експертиза, директен меѓународен мониторинг. Побаравме меѓународна истрага за прашањето за вчерашните протести до странски експерти на оваа област, каде добивме позитивен одговор од нашите американски пријатели, како и од Европската Унија. Постојат и повисоки инстанции каде за ова прашање може да се поднесе жалба и што се однесува до нас, ќе сториме сѐ што можеме “, рече Ахмети.

Од ДУИ информираат дека на состанокот било разговарано и за принципите, стратегијата и сите задачи и обврски што ги очекуваат како учесници во Владата.

Во повеќе медиуми деновиве беа објавени текстови за сериозни недоразбирања во пратеничката група на ДУИ и меѓу приврзаниците на пратеникот Изет Меџити и на вицепремиерот Артан Груби.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.