Предвремени парламентарни избори не се опција и ако нема договор за Специјалното јавно обвинителство, рече лидерот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети одговарајќи на новинарско прашање при денешната посета на Институтот за културно и духовно богатство на Албанците.
– Мислам дека една таква опција не би била корисна, не би била функсионална. Решение не се предвремени избори, затоа што никој нема да даде гаранции дека ќе се постигне двотретинско мнозинство, ако се организираат предвремени избори, нагласи Ахмети.
На новинарско прашање околу информациите дека вицепремиерот Хазби Љика преминал во редовите на Движењето Беса, Ахмети нагласи дека нема такви информации и дека Љика сé уште е член на Демократската унија за интеграција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.