Лидерот на ДУИ, Али Ахмети денеска по средбата со Христијан Мицкоски, рече дека предлогот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ бил добар.
За мене предлогот на Мицкоски за министер за внатрешни работи е добар. Станува збор за човек професионалец, рече Ахмети по средбата со Мицкоски.
Ахмети рече дека тоа е докажан професионалец кој не бил познат како политички активист во цивилниот живот. Лидерот на ДУИ оценува дека Тоа ќе биде добро решение како за МВР така и за мирот и безбедноста. Тој се надева дека ова решение ќе биде прифатливо и за СДСМ но остава да помине разговорот Мицкоски и Заев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.