По состанокот на Генералниот совет на партијата Демократската унија на интеграција на Албанците, лидерот на партијата Али Ахмети соопшти дека ги добиле: вицепремиерското место за политички систем со кое ќе раководи Артан Груби, кој ќе биде и прв вицепремиер, како и Министерствата за финансии и надворешни работи, со кои ќе раководат Фатмир Бесими, односно Бујар Османи како шеф на македонската дипломатија.

Воедно, Крешник Бектеши останува министер за економија, а Насер Нуредини ќе продолжи да раководи со животна средина.

Лидерот на ДУИ рече дека се уште траат консултации кој ќе седне во министерското столче за информатичко општество и администрација. За таму се споменува Ширет Елези.

Талат Џафери останува собраниски спикер.

Тој во говорот рече дека првиот премиер Албнец била нивната цел на изборите.

Во кампањата рековме дека ова е напредок за еднаквост за подобар живот и за иднината за сите. Токму оваа цел ја постигнавме заедно и го заокруживме историскиот договор за раководење во заедничка влада. Нашата цел беше да се постигне еднаквост. Се потриудивме да ги убедиме и другите партии на Албанците да не поддржат, но тие не одговорија на нашата покана и за ова ми е многу жал. Јас сум посветен дека Албанците треба да имаат конструктивен опозициски глас, рече Ахмети.

На новинарските прашања како се надминати несогласувањата на партиското членство од Чаир и Куманово со овие кадровски решенија, Ахмети рече дека имало дебата, а сите одлуки се донесени со договор.

Мнозинството на Централниот одбор ги прифатија овие кандидати кои се предложени. Сите се овде од ограноците, нема партија која што нема што дебата за овие прашања. ДУИ секогаш е транспарентна и на крај сите ја поддржаа одлуката која е добиена со мнозинство. Нема вознемирувања, природно е овие прашања да имаат дебата до последен момент. Сите заседанија на артиски тела се во присуство на медиумите и транспарентни, истакна Ахмети.

Според претседателот на ДУИ, идната Влада како и во минато и во иднина со демократското начело на консензус ќе ги носи сите одлуки.

Консензуалноста се применува во носење на буџетот, како и сите одлуки, таму каде што нема консензус нема функционалност. Сите влади се политички влади и на прво место за нас е начело на консензуална демократија. Тоа беше беше и порано и сега и нема да има никаква промена. Како ќе се регулираа во Владата носењето на одлука на премиерот и првиот вицепремиер не сум правник за да дадам интерпрертација, рече Ахмети.

На прашање како ќе пристапи новата Влада кон економскиот развој на земјата Ахмети рече дека има многу работи на кои ќе се посветат.

Има проекти чие завршување знаеме дека ќе донесе придобивки за граѓаните. Тоа се автопатот Кичево-Охрид, Скопје-Качаник, гасоводот. Има многу проекти и инвестиции кои треба да продолжат, рече Ахмети.

За Насер Зибери кој беше кандидат за премиер, Ахмети исткана дека тој како нотар продолжува со својата работа и во иднина ќе се одлучува за евентуална функција.

Пред членовите на Советот, Ахемти порача дека 105.000 гласови и 15 мандати со право ја направија Демократската унија за интеграција победник на предвремените парламентарни избори кои се одржаа пред еден месец.

Ова влада ќе го продолжи патот кон европската интеграција и евроатланското партнерство и ќе биде заштитник на Преспанскиот, Договорот за Добрососедство, и Охридскиот мировен договор, но и ќе спроведе ветинг во политиката и судството, и ќе се фокусира на економскиот развој, рече Ахмети.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.