Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, за време на одбележувањето на 19 годишнината од формирањето на партијата, најави дека неговата партија ќе прифати нова насока на делување во која ќе биде прифатена зелената агенда.
На 19-иот роденден на ДУИ пoчнуваме нова политика и дирекно дејствување, политика за еколошка правда и квслитетен живот. Зелената агенда станува дел од ДУИ – истакна Ахмети.
Според Ахмети, дојдено е време да ги прифатиме политиките за една зелена развиена и безбедна иднина.
Денес е ден на животната средина. Исполнет е Охридскиот договор, интеграција во НАТО, правична застапеност. Се изградија учичишта, болници, театри. Време е ДУИ целосно да се фокусира на животот – истакна лидерот на ДУИ.
Тој, на почетокот од своето обраќање, присутните ги поздрави на македонски јазик.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.