Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во интервју за „ТВ21“ изјави дека заедно со СДСМ направиле многу работи и нивното партнерство треба да продолжи.
Прашан Ахмети за последните релации со партијата која доби најголем број на мандати, како и превирањата за време на предизборната и изборна кампања, тој изјави дека СДСМ и ДУИ направиле доста работи за тригодишниот мандат колку што траеше последнот владин состав.
Ахмети откри дека имал понуда за Села и Гаши и тие да бидат дел од Владата, но тие не се појавија на заедничката маса која ја организираше по повод 19 годишнината од потпишувањето на Охридскиот договор.
Сакав да им понудам на Села и Гаши да станат дел од Владата, но не дојдоа на состанок – порача лидерот на ДУИ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.