Посакувам регуларен процес и да се почитуваат здравствените упатства. Овие избори се многу битни ако се знае дека досега завршивме многу значајни процеси важни за регионот и за мирот воопшто, изјави претседателот на ДУИ, Али Ахмети по гласањето во кичевско Зајас.

„Се отвора нова страница на историјата на оваа земја, за зачленување во Европската Унија, при што победниците имаат историска одговорност да ги исполнат потребните услови за ЕУ. Ќе треба да се работи на подигање на стандардот за подобар живот, подобро образование и здравство. Значи, ќе има голема работа за да се исполнат барањата и очекувањата на народот. Јас сум убеден дека во тоа ќе успееме. Се знае нашата платформа, очекувам победа во албанскиот кампус“, изјави Ахмети.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.