Ме иритираа изјавите на Заев дека ДУИ треба да оди во опозиција и дека нема да биде дел од идната Влада, но и дека на Мицкоски ќе му даде пратеници за да формира малцинска Влада само Албанците да не бидат дел од неа, рече Али Ахмети во вчерашното интервју за телевизија ТВ21.

Ахмети истакна дека таа порака до претседателот на СДСМ беше една томаховка, која е вид на ракета, за што додава дека сега веќе нема простор за примирје меѓу нив.

Ме испровоцираа несовесните изјави на Заев дека ДУИ не може да биде дел од идната Влада, ДУИ треба да оди во опозиција, ќе му дадам на Мицкоски пратенички мандати да формира малцинска Влада, ќе ја има мојата поддршка за да не дозволиме Албанците да бидат дел од владата. Ова ме иритираше. Цело време јас му испраќав пораки, не треба да се закачаш со ДУИ, но повторно продолжија. Сега беше време за една томаховка (ракета) да се пушти. И сега примирје нема, рече Ахмети.

Продолжија ли, додава Ахмети, арсеналот ќе го достигне капацитетот на нападите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.