Претседателот на Демократска унија за интеграција, Али Ахмети, на својот Фејсбук профил вечерва напиша дека состојбата создадена со оставката на премиерот Зоран Заев ја менаџираат преку интензивен контакт со сите страни, освен оние кои ги негираат Охридскиот, Преспанскиот договор, добрососедството, НАТО, ЕУ, Република Косово и албанскиот јазик.

Тој додава дека за актуелните случувања е во контакт и во координација со стратешките партнери, САД, НАТО и Европската Унија.

Нема да постапуваме ниту со емоции ниту во еуфорија. Имам многу повици, наредби и поддршка од сите страни, ви благодарам и не можејќи да ви одговорам на сите, ви велам дека заедно ќе успееме. За сите случувања ќе бидете известени однапред. Заедно засекогаш и во секоја пресметка, напиша Ахмети вечерва.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.