Со кампањата денеска продолжија и партиите од албанскиот политички блок во Македонија. ДУИ продолжи да ја промовира својата програма каде која главно се темели дека е дојдено време Албанец да биде премиер на Македонија. Во својот говор денеска од Камени мост во центарот на Скопје, Али Ахмети кажа дека со Гоце Делчев соработувале албански патриоти и заедно работеле со Македонците, за да ги решаваат проблемите на младите.
Ако имаат малку почит за Гоце Делчев, нека разберат дека тој со кече на главата држел говори пред Албанците. Ако се наследници на Гоце Делчев, оваа кандидатура треба да ги направи среќни, порача Ахмети.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.