Лидерот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети не се согласува со изјавата на неговиот партнер, лидерот на СДСМ, Зоран Заев, за формирање влада со опозицијата.

Ахмети вели дека улогата на опозицијата е да ја критикува владата, според него тоа се случува во сите земји во светот.

Опозицијата ги дава своите забелешки, дури и ако не се на место, таа е улогата на опозицијата, не само кај нас, туку и во сите развиени земји, бидејќи само во посебни случаи тие можат да станат дел од некој важен процес, во спротивно тие имаат задача да не се согласуваат со парламентарното мнозинство, рече Ахмети, пренесува ТВ21.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.