Лидерот на Демократската Унија за Интеграција, Али Ахмети, прв му честита на новиот избран претседател на САД, само неколку моменти по потврдата на победата на претседателските избори на 3 ноември.

Нашиот голем пријател Џо Бајден се врати, сега е на чело на Соединетите Американски Држави. Му посакувам добро здравје, успех и добра работа на претседателот Бајден и им честитам на Соединетите Држави за завршувањето на изборниот процес и новоизбраниот Конгрес, Сенатот и Белата Куќа. Голема благодарност и до претседателот Доналд Трамп и неговиот придонес во изминатите 4 години.

„Нашето пријателство со Соединетите Држави е вечно“, напиша Ахмети во својата честитка до новоизбраниот претседател Бајден.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.