Претседателот на Демократската Унија за Интеграција, Али Ахмети во емисијата „Клик Плус“ на телевизија „21“ изјави дека дури и ако новата Влада трае само една година, последните 100 дена на чело на Владата ќе биде премиер Албанец, кој ќе биде предложен од страна на ДУИ.

И една година да трае партнеството со Заев, последните 100 дена ќе имаме премиер Албанец предложен од ДУИ. Земјата ќе го има првиот премиер Албанец, па макар и за 100 дена, а сите мислеа дека не можеме да го направиме тоа – изјави Ахмети

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.