Изборите се битни, но прво треба да се има консензус за датумот и пред се да се имаат предвид мерките од здравствените институции. Сепак, здравјето на граѓаните е пред се, изјави по лидерската средба кај претседателот на државата Стево Педндаровски, лидерот на ДУИ Али Ахмети.

– Многу е битно во вонредна ситуација сите да сме одговорни и да сме согласни за постигнувањето на нашите цели. Ние сме многу свесни дека земјата е без Собрание, дека е со техничка Влада, но оваа ситуација е предизвикана од пандемијата и опасен вирус, рече Ахмети, додавајќи дека на средбата биле разгледани документи од надлежните институции за ситуацијата и имало дебата од сите политички партии.

Сите политички партии, подвлече Ахмети, изразиле став дека се загрижени за ситуацијата, треба внимателно да се следи и терба да се биде во комуникација со здравствените институции.

Ахмети нагласи дека е многу важно оваа ситуација да не се политизира или да се партизира заради, како што рече, политички цели.

На новинарско прашање како гледа на тоа што претседателот на Собранието Талат Џафери кој не го свикува Собранието во оваа ситуација, Ахмети потенцира дека првиот човек на парламентот го почитува и не го прекршува Уставот и е во комуникација со правни и уставни експери.

Во однос на тоа што на 24. овој месец е Бајрам и најавите за тоа дека без разлика на одлуката дали ќе има 24 часовен карантин, џамиите ќе бидат отворени, ставот на Ахмети е дека многу е битно да се слушаат дирекциите и мерките дадени од здравственит институции.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.