Лидерот на ДУИ Али Ахмети на својот Фејсбук профил пишува дека вечерва, во ноќ полна со вознемиреност и болка е со Тетово и тетовци.
„Се сретнав со градоначалничката Теута Арифи, премиерот, министрите, но и државниот јавен обвинител, заедно со полицијата и медицинскиот персонал. Ние инсистираме на темелна, длабинска и брза истрага за причините што предизвикаа толку многу болка за сите нас“, пишува Ахмети.
Тој упати искрено сочувство до семејствата на жртвите, а на повредените им посака брзо закрепнување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.