По членството во НАТО, Македонија и Албанија наскоро ќе бидат дел од големото европско семејство, бидејќи мирот, стабилноста и добрите односи со соседните земји се на вистинско ниво. Националистичките и конзервативните политичари само градат sидови и суштински не менуваат ништо. Современите политичари, наместо sидови, градат мостови за мир и стабилност, порачаа од денешната средба во Охрид претседателот на ДУИ, Али Ахмети и премиерот на Албанија, Еди Рама.
На средбата, која се одржи во рамки на Преспа форумот за дијалог, Ахмети истакна дека спорот со Грција беше преседан во политичката историја и за неговото решавање беше потребно да се најде иновација која би била пример во политичката историја и меѓународните односи.
Тоа го постигнавме во време кога сите рекоа дека е невозможно, а денес гледаме позитивни резултати од овој договор, нагласи Ахмети.
И спорот со Бугарија беше дел од разговорот помеѓу Ахмети и Рама, кои се осврнаа на неодамнешните посети на Софија со цел да се надминат пречките поставени од бугарска страна.
На состанокот се дискутираше и за надминувањето на предизвиците што ги очекуваат нашите земји, но и регионот, на патот кон европската интеграција.
Во време на големите глобални пресврти, носејќи надеж станавме даватели на решенија и мир низ целиот регион. Лидерите не сакаат и не треба да ја занемараат својата земја, беше меѓу другото оценето на средбата меѓу Ахмети и Рама.
Во оваа прилика, Ахмети му го честиташе на Рама третиот мандат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.