Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на средба со амбасадорката на САД Кејт Брнз, го образложи еколошкиот приоритет на ДУИ преку, како што соопштија од партијата, спроведување на зелената агенда во целосна корелација со американските и европските приоритети.

Зелената агенда и инклузивноста и различноста се целосно во согласност со убедувањата на ДУИ – рекол Ахмети.

Во врска со спорот со Бугарија, Ахмети ја истакнал „потребата од поистакната американска и европска улога меѓу Скопје и Софија, како и неопходноста од одржувањето на реформскиот курс од страна на владата“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.