Претседателот на Демократска унија за интеграција, Али Ахмети, синоќа имал „тензичен разговор“ со коалицискиот партнер Зоран Заев, откако тој соопшти дека поднесува оставка и на премиерската и на претседателската функција во СДСМ.
Во изјава за ТВ21, Ахмети вели дека не се согласува со одлуката на Заев за оставката.
Вчера имавме доста тензичен разговор со Заев, дека не се согласувам со таквото движење, со неговата оставка од партијата и претседател на Владата. Му ги нагласив силните позиции на ДУИ. Овие се локални избори, ние пред 1 година победивме на општите избори и добивме мандат за да раководиме со политиките на државата. Така да и денеска повторно разговарав со Заев, му реков дека не можеме да направиме компромис за големи работи, за тој да се повлече. Да се разгледа во неговата партија оваа одлука која според мое мислење е забрзана и неоснована, вели Ахмети за ТВ21.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.