Ахмети го свика претседателство на ДУИ

Македонија 02.12.2019 / 10:15

Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, свика седница на Централното претседателство на партијата.

Од ДУИ информираат дека седницата ќе се одржи денес со почеток во 15 часот во партиското седиште во Тетово.

На седницата ќе се говори околу четвртиот изборен конгрес на ДУИ, идните програмски определби и статутарни промени, се наведува во соопштението од партијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


Comments are closed for this post.