Претседателот на Демократска унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, во дебатниот магазин „Клик Плус“ на ТВ21 порача дека премиерот Зоран Заев не е во право кога најавува оставка.

Според Ахмети, ова се локални избори и не треба да се разочарува.

„Мислам дека Заев избрза. Ова се локални избори. Заев не се кандидирал за градоначалник. Заев има четиригодишен мандат како премиер. Не знам која е неговата стратегија, но не треба да се разочарува. Тој треба да работи со неговиот тим и да победат во Скопје“, порача Ахмети.

Лидерот на ДУИ додава дека Шилегов е еден од најдобрите градоначалници на Скопје.

„Има сработено многу. Многу Албанци ќе му дадат поддршка, и еве упатувам апел да го гласаат сите“, вели Ахмети.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.