Претседателот на Собранието Талат Џафери и претседателот на СДСМ Зоран Заев биле на средба во канцеларијата на Али Ахмети на која се разговарало во врска со нацрт-законот за Јавното обвинителство објавува порталот „Курир“. 

Според информациите на „Курир“ се правело и обид да се замени предлог законот за ЈО со претходната верзија која ја договориле СДСМ и ДУИ. Доколку се замени новата драфт верзија треба да помине на повторно гласање во Владата, па потоа да биде доставена во Собранието.

Инаку, по оваа средба, како што дознава „Курир“ во овие моменти кај Талат Џафери освен Ахмети на состанок пристигнала и министерката Рената Дескоска.

Според извори на порталот, тие на средбата треба да се усогласат за разликите во текстот на законот за обвинителство кој вчера бил усвоен од владата и зошто денес во Собранието пристигнал предлог закон со изменета, поинаква содржина од онаа што владата веќе ја изгласала.

извор: Курир



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.