Собраниската седница за законот за јавното обвинителство доцни два часа. Неофицијално во канцеларијата на собранискиот спикер Талат Џафери се лидерот на ДУИ Али Ахмети, и министерката за правда Рената Дескоска. Тие ги пеглаат несогласувањата.
Неофицијално, во Собранието е пристигната најнова верзија на законот за јавното обвинителство откако за последната верзија партиите од албанскиот блок се изјаснија дека е неприфатлива. Курир веќе објави дека причина за доцнењето на седницата е обидот да се замени предлог законот за ЈО со претходната верзија која ја договориле СДСМ и ДУИ. Доколку се замени новата драфт верзија треба да помине на повторно гласање во Владата па потоа да биде доставена во Собранието.
На влада синоќа помина предлог законот за јавно обвинителство за кој пас даде и ДУИ, но откако законското решение претрпе измени при усогласувањето со независните пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, Алијансата за Албанците и Беса се изјаснија дека нема да гласаат за таков закон кој овозможува амнестија. Лидерот на ДУИ, Ахмети пак, попладнево изјави дека ќе го поддржат законот кој синоќа бил договорен на влада.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.