Ниту Заев ниту другите нема да го имаат задоволството да ја видат ДУИ во опозиција. Ќе ви исчезне насмевката на усните на 15 јули, рече лидерот на ДУИ, Али Ахмети на ТВ21. Според него, другите не сакаат да ја пратат ДУИ во опозиција, но сакаат да ги пратат Албанците во опозиција.

Не е прашањето ДУИ да се испрати во опозиција, бараат Албанците да ги пратат во опозиција, се уште мислат дека Албанците се дрвосечаци , се уште ги гледаат Албанците како собирачи на отпад, а не на врвот на власта со која раководат успешно 18 години, истакна Али Ахмети.

Изјавата за размена на пратеници на лидерот на СДСМ Зоран Заев со Христијан Мицкоски само и само за да не се прифатат условите на ДУИ за премиер Албанец, Али Ахмети ја смета за опасна и како потпалување оган.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.