Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, објави дека се консултираат европски специјалисти за Законот за државјанство и дека се водат дискусии за истиот. Коментирајќи ја најавената блокада на албанската опозиција за секој закон кои ќе влезе во парламентарна процедура, како одговор на големиот број измени и дополнувања поднесени на закон Законот за државјанство од страна на македонските партии, Ахмети смета дека на овој процес треба рационално да му се пристапи.

Во никој случај не треба да се партизира или да се политизира прашањето за Законот за државјанство. Не е добро да се прават блокади и да се демонстрира лажен патриотизам, ниту Македонците, ниту Албанците. Трба рационалност, за одржливи решенија, изјавил Ахмети пред новинарите во тетовско Теарце, каде заедно со вицепремиерот Артан Груби, и министерката за образование и наука, Мила Царовска присустуваше на пуштањето на новоизградената спортска сала во основното училиште „Фаик Коница“ во с.Доброште.

Инаку, албанската опозиција АА и ААА објави блокирање на секој предлог Закон кои ќе влезе во парламентарна процесура, бидејќи според нив, законот за државјанство предложен од нив, како што истакнуват е поважен од било кој друг закон.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.