Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, денеска треба да се појави во Хаг на сослушување во Специјалното обвинителство за Косово, а од неговата политичка партија тврдат дека тој е повикан како сведок.

Претпочитам да не одговарам пред државни микрофони на партиски прашања, но еве кратко, тој е повикан во својство на сведок – рече вчера Бујар Османи, на прес-конференцијата која како министер за надворешни работи ја одржа со вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров.

Ахмети во Хаг, како дел од ОВК, треба да биде испрашуван во врска со војната на Косово и таму ќе биде на денеска и утре, бидејќи меѓународните обвинители побарале да им биде на располагање два дена.

Ахмети пред изборите објави дека е поканет да сведочи затоа што бил дел од раководството на ОВК за време на војната со српските сили. Тој додаде дека ќе ги брани светлите цели на албанската ослободителна борба.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.