Законот за Специјалното јавно обвинителство треба да се почитува се додека не се донесе нов, рече претседателот на ДУИ, Али Ахмети во изјава за медиумите по неколкучасовната седница на централното претседателство во Мала Речица.
ДУИ има цврст став дека треба да се почитува Законот за специјално обвинителство и да се постапува во согласност со Законот за обвинителството, договорен меѓу сите страни, актери во првите настани од пред три – четири години што се случија во земјата и ние бараме овој Закон да се почитува. Секое отстапување од овој Закон има последици по земјата и правниот систем на нашата Република. Мислам дека овој развој нема да има влијание и последици врз добивањето датум за преговорите со ЕУ, изјави Ахмети.
На централното претседателство станало збор и за претстојниот конгрес на кој ќе определи како ДУИ ќе дејствува во наредните 20 години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.