Претседателот на ДУИ, Али Ахмети изрази длабоко сочувство до семејствата на настраданите во трагичната автобуска несреќа во Бугарија.
-Толку многу болка ни донесе ова утро. Страшната сообраќајна несреќа во Бугарија ги однесе животите на толку многу наши граѓани. Во овие тешки моменти на тага и болка, изразувам најдлабоко сочувство до семејствата на оние кои ги загубија животите во трагичната несреќа во Бугарија и го молам Бога да им даде трпение на семејствата и да ги исцели повредените, напиша Ахмети на својот фејсбук профил.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.