Кандидатот за градоначалник на Дебар, Арбен Аголи од Алијансата за Албанците го призна поразот на денешните предвремени локални избор за градоначалник на Дебар.

Аголи со своите соработници пристигна во седиштето на огранокот на ДУИ и му ја честиташе победа на Хекуран Дука.

И двајцата се лекари специјалисти и подолг период заедно работеле во Општата болница во Дебар.

Пред седиштето на дебарскот огранок на ДУИ веќе се слави.

Според првчните резултати Дука добил 450 гласови повеќе. Со речиси идентична разлика Аголи загуби во вториот круг на локаланите избори во октомври 2017 кога по вторпат беше избран Ружди Љата,кој почина во ноември минатата годна, по кусо и тешко боледување.

Дука освоил над 400 гласови повеќе, наспроти неговиот против кандидат Арбен Аголи, од Алијансата за Албанците.

Тој се заблагодари на дадената доверба и вети дека ќе биде градоначалник на сите граѓани независно од етничка, верска или партиска припадност, онака како што не правел разлика во давањето лекарска услуга.

Мојата канцеларија ќе биде отворена за секого, независно дали гласал или не за мене. Ние сме сите дебарчани и сите му посакуваме добро на нашиот град и општина. Ветувам дека максимално ќе се заложам да ги реализирам сите мои ветувања,со цел да ја намалиме миграцијата на младите и да го претвориме Дебар во европски град. Од срце ви благодарам на сите, рече Дука.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.