На 15.07.2020 година во 11,47 часот, А.А телефонски пријавил дека во Битола, населба “Баирот“, на ул. “5-та“, М.Д и С.В вршеле агитација кон граѓаните во корист на политичката партија. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
На ден 15.07.2020 година во 09,45 часот во ОВР-Прилеп, Г.Ф роден 08.10.1994 година живее на улица “Ѓорѓи Сугаре“ број 8 во Прилеп, пријави дека во Прилеп, пред ОУ “Блаже Конески“ населба “Варош“, имало паркирано возило. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
На ден 15.07.2020 година во 10,45 часот, М.И од ОВР-НККР Прилеп, пријавил нарушување на ЈРМ, случен во Прилеп во дворот на ОУ “Кире Гаврилоски“, каде Џ.П од Прилеп физички го нападнал Г.Д од Прилеп. Мерки: Интервенирано од страна на ПС од НККР Прилеп, а при прегледот кај лицето Џ.П, пронајден и одземен бил пиштол марка “ЦЗ“. Следи реализација и документирање на настанот.
На ден 15.07.2020 година во 12,28 часот, непознато лице телефонски пријавило дека во Битола, населба “Баир“, непознато лица со возило “БМВ“ агитирал и делел пари за гласање за одредена политичка партија. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.