Да збориме народски како што си знаеме. Ионака ќе го јадеме стапот дека сме простаци што така настапуваме, па ‘‘пењил, не пењил‘‘ не се менува ситуацијата. Ова се вонредни избори во вонредна ситуација. По нормална процедура нормалните избори секако се наесен. Ова се абнормални. Ова е ‘‘ кој на кого набрзака ке му го спопика‘‘! Секако дека немаше да биде така ако немаше Корона приказна, ќе се измереа политичките ташаци онака ‘‘ предвремено‘‘ и до сеа ке имавме и нова листа на светци кои ќе ја водеа Македонија у Европа во која пелените се преполни од проблеми. За жал, од државата направивме модел на автобусот на ‘‘Крстиќ‘‘ во култниот српски филм ‘‘ Ко то тамо пева‘‘! Една секвенца од филмот го покажува Бата Стојкович кој вика ‘‘Срам вас било‘‘!  Избори!?! Да, ‘‘и тата би сине‘‘ ама не веднаш и тука,коментира политичкиот аналитичар Агум Јонуз.

З‘ш море!?.. З‘ш така требит бе!

Ајде вака. Во време во кое му наметнуваш на народот мерки кои сами по себе се некаква ‘‘ вонредна состојба‘‘, нема шанси да има успешни избори. Не навлегуваме во правни форми и дефиниции дали може-не може да ги има и тн. Зборуваме за нешто друго. Во редукција на јавен живот по основ на движење, растојание, санитарни мерки, на баба му гаките, сакаш изборите да успеат пред се исполнувајки го феноменот – излезеност! На народ на кого маме си му расплакал со паника ‘‘седи дома и не таласај‘‘, одеднаш му викаш ‘‘ ај, ај,.. излези де‘‘! Е, онакво мое! Не излагам бе! Убаво ми е дома. ‘‘Шо те вртам‘‘! Секако, претходново изкажано е метафора која треба да одслика амбиент кој вели дека прво државата не е спремна. За народот лесно.

Самата организација на избори ке биде мисија која подразбира вонредни механизми за одвивање. При ситуација во која треба да имаш функционална формула хигиена-растојание-дезинфекција-масовност и да не набројувам уште што, гласачките места треба да бидат големи како црква/џамија. Имаш ли такви услови? Имаш! Да,.. онакво.

Кој ти гарантира излезеност на народ кому си напунил глава дека се очекува и ‘‘втор пик‘‘? Дали си спремен да гарантираш дека сама како држава материјалите кои ќе бидат во изборен сообраќај ќе бидат ‘‘здрави и прави‘‘. Можеш ли да гарантираш дека во вонредни околности можноста за ‘‘350‘‘ манипулации се невозможни? Можеш ли да гарантираш квалитетно броење гласови без да собереш не повеќе од 3-4 бројачи ‘‘ на купче ‘‘? Можеш ли да гарантираш дека се живо и диво ќе носи маска, ракавици, ќе чека по сат време на ред без да рече ‘‘ тибам изборите‘‘? Можеш ли да му гарантираш на народот дека ‘‘ нема веза‘‘ тоа што сите ќе се потпишуваат на листата со едно исто пенкало!?! Да не набројувам. Имам уште 100 забелешки и прашања кои кога би ги поставил би ме отераале у пизду материну велејки дека зборам за инат. Не! Чиста логика!

На државата во моментов народот и е потребен, ама само како гласачко тело. Колкумина ќе одат ‘‘курбан‘‘ на инфективна клиника само ради тоа што некој ќе излезе на телевизија и ќе врисне ‘‘ ние сме победниците‘‘. Да се разбереме. Каде е лицемерието? Еве каде. Се фрлаа дрвја и камења по црквата/џамијата затоа што народот се собираше во најчиста намера за арно и убаво. Ок! Ке се согчасам дека не е во ред во таква ситуација, ама да те прашам државо онака директно, та, нели во овој случај си бетер од црквата/џамијата? Хипокризија која ја нема ‘‘ ни у Београду‘‘!

Најдобро е да се почека есен, а ако некој се вади на тоа дека ни е потребна ‘‘функционална‘‘ држава, ќе потсетиме дека државата и сега е функционална, а како и колку тоа не е прашање на ништо друго освен на способноста на оние што седат во белата шампита на ‘‘Илинденска‘‘. Секако нема ништо толку спектакуларно во надворешната политика и толку катастрофални последици ако ‘‘стиснеме газ‘‘ и почекаме барем до Септември. Кои се тие ‘‘бетер лајна‘‘ у кои ќе упаднеме кога сме ‘‘веќе‘‘ во лајна. И сето тоа за уште 2-3 месеци.

Што се не ‘‘јадел‘‘ овој народ. Може и ова ќе го јаде, ама која е сметката.  Избори ‘‘најесен друже мој‘‘.  У ‘‘листопаду‘‘.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.