Вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров денеска на заедничка прес-конференција со премиерот Зоран Заев, ја промовираше Агендата „Европа дома“, за која, како што рече, е клучен документ што ќе биде водич низ реформите оваа година, којшто, имајќи ја предвид новата методологија на преговори, се фокусира на кластерот Темели, што ја диктира и динамиката на самите преговори.
Како што истакна Димитров, документот тоа ќе биде патоказ што ќе треба да го следат сите надлежни институции спроведувајќи реформски чекори што Секретаријатот за европски прашања ќе ги мониторира, турка и за чијашто динамика на исполнување или застој редовно ќе информира.
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ, пак, смета дека Европа нема да додје дома се додека криминалeц како Заев ја води Владата.
Агендата „Европа дома“, е агенда за надвор од Европска Унија која Заев ја ветуваше. А, Европа не може дома додека криминалец како Заев кој е профитер дури од корона криза е премиер. Агендата „Европа дома“ е нов неуспешен „План 3-6-9“,„План 18“, „Акција 21“, и какви ли не уште имиња ќе чуеме. Факт е дека ништо суштински не е преземено, а Заев потроши нови четири години тапкање во место. Европа ќе дојде, кога народот за брзо ќе испорача план Заев дома, а потоа одговорноста ќе дојде неминовно, стои во соопштението од опозициската партија
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.