Митрополит Агатангел ја искритикува левичарската партија Левица, велејќи дека тие не се национална партија, зошто први удрија по црквата. Државата не може да опстои без црквата, а и црквата без државата, вели митрополитот во „Неделен брифинг” со Сотир Костов на „Инфомакс“.
Одма рипнаа против црквата. Нека ми простат Левица, но тие не се национална партија, тие први удрија против црквата. Тие се млади деца, што им смета црквата и ѕвоното. Не е убаво тоа, тие не се свесни дека црквата е столб на државата, дека државата не може да опстои без црквата, а и црквата без државата. Црквата е столбот, црквата е спасението на народот, тоа е бродот кој ќе не спаси. Сите имаат душа, нема човек кој не верува. Ние ја немаме осознаено верата, тоа е тука проблемот кај нас. Зошто ние во времето на комунизмот имавме подобри патриоти? Затоа што сите тие луѓе учеа веронаука. Нивните родители беа побожни, рече митрополит Агатангел.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.