Сведокот на Обвинителството Агапи Дика, во својство на претседателка на Собранието на Меѓународен сојуз денеска потвди дека имала поддршка за акцискиот план активностите и делувањето на невладината организација од страна на премиерот Зоран Заев.
На денешното рочиште, одворајќи на прашање од Бојан Јовановски дали заедно биле во кабинетот на премиерот таа одоговори:
Да бевме, додавајќи дека на средбата му го презентирале Акцискиот план.
Јовановски ја праша и дали добиле поддршка од Заев на таа одговори:
Ја мислам дека добивме и иако средбата беше кратка.
Боки возврати: Кратко, бевме кај премиер.
Дика додаде дека биле и на прием и во МВР, кај Оливер Спасовски.
Мислам дека Бојан, беше на прием и кај Мила Царовска. Така се зборуваше. Во МВР со Оливер Спасовски, се збореше за вмрежување на соработката на невладината Меѓународен сојуз Скопје и МВР, рече сведокот Дика.
За финансирање на ова невладина сведокот Дика, наведе дека требаше да се финансират ад-хок фондови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.