Во Кривичниот суд денеска треба да продолжи судењето за настаните во Собранието од 27 април 2017 година. Како сведок се очекува претседателот на Алтернатива, Африм Гаши.
На претходните рочишта сведочеа повеќе пораншени и актуелни пратеници, како и актуелниот парламентарен спикер Талат Џафери.
Случајот се наоѓа во доказна постапка и го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е Вилма Русковска.
Обвинети во овој предмет се поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, ексминистрите за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.