Адвокатот на поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски, Јордан Апостолски по завршување на денешното рочиште изјави дека бараат да се дознае вистината за неговиот клиент.
– Нема никакви докази дека има било каква вмешаност. Сметаме дека обвинението е на стаклени нозе со цел само да се оцрни клиентот, изјави Апостолски.
Според него, Обвинителството не направи напори да се дознаат вистинските сторители.
Тој ги негираше тврдењата на Русковска дека бранителите предложиле по околу 300 сведоци од обвинет, посочувајќи дека за неговиот клиент се предложени десетина сведоци
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.