Денес ќе се одржи седница на Комисијата за избори и именувања, но од дневен ред е тргната точката за избор на двајца членови на Уставниот суд.
Пред еден месец за тие позиции фаворити на власта беа Цветанка Иванова ген.сек на Собранието и Васко Талевски, адвокат и член на правната комисија во Битола, што предизвика многу негативни реакции во јавноста бидејќи не се работи за видни и истакнати правници.
На дневен ред денес на Комисијата за избори и именувања ќе бидат избор на член на Судскиот совет. Кандидати се Тања Илиевска, адвокат од Скопје, Кети Петкова, адвокат од Гевгелија и Нада Симјаноска, помошник-министер за правда за меѓународна соработка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.