Адвокатката Сузана Јошевска Анастасовска на својот фејсбук-профил и порача на обвинителката Вилма Русковска троа да се одмори, па потоа, како што вели „ нека пишува покани, па нека прави план за истрага, па допрва нека зема изјави, па анализој, дискутој, после нека ни одговори“.
Вилма Русковска на една радио емисија изјави дека предистрагата траела долго затоа што испитувале дали со пријавата и доказите можеби намерата е да се наштети на “колегите од СЈО”, пишува Јошевска Анастасовска.
Еве ние, додека се забавуваме со мобиновелава уште чекаме да видиме што утврдиле. Слободно нека се одмори уште троа, па нека пишува покани, па нека прави план за истрага, па допрва нека зема изјави, па анализој, дискутој, после нека ни одговори.
Имаме време, нека не брза.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.