Адвокатите на обвинетите во случајот „Талир“ ја повикале министерката за правда, Рената Дескоска, да дојде на наредното закажано рочиште. Нивната цел е таа да се увери дека во Кривичниот суд не се почитуваат мерките на Владата за заштита од корона вирусот. Барањетонвлегло во записник по иницијатива на адвокатот Дончо Наков. Тие сметата дека претседателот на Судот, Иван Џолев воопшто не ги спроведува дадените мерки како превенција од ширење на корона вирус.

Вчера реагираше и адвокатот Еленко Миланов кој посочи дека на судењето „Талир“ во судница биле присутни 15 луѓе во една просторија и покрај тоа што дури и на отворено е забрането собирање на група поголема од 5 луѓе.

-Во судницата бевме 15 луѓе. Меѓу нас, одбраната, обвинетите, обвинтелите имаше некакво растојание затоа што судницата во која бевме го дозволува тоа. Но меѓу судии, поротници, записничар не се почитуваше растојанието кое е наложено – ни изјави вчера адвокатот Еленко Миланов кој присуствувал како адвокат на еден од обвинетите во случајот Талир.

Адвокатот Миланов посочи дека на влезот им мерелетелесна температура на сите што влегуваат, што всушност не претставува никаква мерка со оглед на тоа што човек во период на инкубација може воопшто да нема покачена температура а да има корона.

-Сите тие сме изложени на ризик да заболиме од корона. Не го загрозуваат само моето здравје туку и здравјето на моето семејство. Јас од таму одам дома. Го ризикувам целото семејство. Или нека има мерки или воопшто нека нема. Или мерки за сите или по примерот на Холандија, слободно движење, општ имунитет, па кој преживее, преживее – ни изјави вчера Миланов.

Регираше и адвокатот Јовица Страшевски. Вели со објавувањето на распоредот на предмети кои во наредните 30 дена ќе се судат во Основниот кривичен суд (вкупно 308) претседателот на Кривичниот суд Иван Џолев прави кривични дела против здравјето на луѓето, пренесување на заразни болести или непостапување според здраствените прописи за време на епидемија т.е прогласена вондредна состојба на територија на нашата држава.

Според него во „приоритетите“ на Кривичниот суд ставени се и прекршочни предмети но и предмети каде има и по 10, 15, 20 обвинети што автоматски значи и до 50 присутни во салата со што повеќе е од јасно дека е невозможно да се исполнат препораките на Владата.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.