Во случајот „Насилства во општина Центар“има направено многу процесни повреди во текот на главната расправа што доведува до ситуација во која навистина веруваме дека овој случај кој е исполитизиран со покренување на обвинителен предлог преку поранешното СЈО, како таков со сите познати случувања во СЈО во изминатата година кој алудираат на селективност во постапување кон круг на лица и сомнителни исклучувања од лица во постапки без соодветно на закон засновани јавно обвинителски одлуки, велат адвокатите во овој случај Еленко Миланов и Димитар Дангов.

 

Тие велат дека заедно со Миле Јанакиески имаат ограничена доверба дека можеме до крај да учествуваме во фер правна постапка која значително може да влијае на очекување на фер и законска пресуда. 

Од нашето 30 годишно искуство како адвокати, а и согласно позитивните законски прописи  за да се обвини некое лице треба да се воспостават процедурални, но и материјални и правни основи, така што таквото лице е оправдано осомничено за сторено кривични дела за кои е обвинето и дека основаното сомневање се заснова на доволно докази за субјективни и објективни елементи што го карактеризираат кривичното дело со наведување кога, каде и со кои дејствија истото е извршено-објаснуваат адвокатите.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.